? Елко-Инг Дома
Добредојдовте во Елко-Инг Струмица

  Елко-Инг Дооел е компанија основана во 1991г со 100% приватен капитал. Основна дејност на компанијата е давање на услуги во електроенергетиката, вклучувајќи проектирање, надзор, ревизија и изведба на објекти, како и услуги од областа на енергетската ефикасност, безбедноста при работа и противпожарната заштита

  Компанијата ги поседува потребните лиценци за проектирање, надзор, изведба и ревизија од областа на елетроенергетиката, издадени од Министерството за транспорт и врски на РМ. Елко-Инг е акредитирано инспекциско тело (ИТ 019) за мерење и контрола на нисконапонски електрични инсталации, среднонапонски инсталации и параметри на околината. Елко-Инг во 2006г. има воведено систем за управување со квалитет EN ISO 9001:2000, а во 2009г. има  добиено сертификат за акредитација (инспекциско тело) од ИАРМ.;

  Ние ја цениме разноликоста на нашата работа, нашите добавувачи и нашите клиенти. Ние работиме заедно, во партнерство со нашите клиенти и даваме сигурни решенија. Ние секогаш сме посветени да дадеме услуги со високо ниво на визија, интегритет, иновативност и квалитет коишто ги достигнуваат и надминуваат очекувањата на клиентите. Нашата мисија е да бидеме првокласна, интегрирана енергетска компанија која нуди услуги преку постојано пренесување на знаење и искуство од енергетскиот сектор.

Со почит. Елко-Инг


© Elko-Ing 2019